Странските инвестиции едвај 132 млн.евра

Bez autora
Jan 18 2011

Дали е за фалење или за жалење, ама странските инвестиции достигнаа 132 милиона евра, покажуваат последните податоци што ги објави Народна банка на Македонија за минатата година заклучно со октомври. Недостасуваат податоците уште за два месеца од 2010 година, кои, според сите показатели, не се очекува многу да го зголемат нивото на странски инвестиции за лани. Во октомври минатата година во земјава влегле 21,5 милиони евра, од нив само 5 милиони евра отпаѓаат на акционерски капитал и реинвестирана добивка, а другите се обврски и побарувања на странските фирми што веќе работат во земјава. И кога ќе се погледне вкупната слика од 132 милиона евра, на свеж капитал отпаѓаат 80 милиони евра. Но, лани многу се зголемиле обврските на странските компании кон нивните мајки-фирми и достигнале дури 100 милиони евра.

Странските инвестиции едвај 132 млн.евраДали е за фалење или за жалење, ама странските инвестиции достигнаа 132 милиона евра, покажуваат последните податоци што ги објави Народна банка на Македонија за минатата година заклучно со октомври.

Недостасуваат податоците уште за два месеца од 2010 година, кои, според сите показатели, не се очекува многу да го зголемат нивото на странски инвестиции за лани.

Во октомври минатата година во земјава влегле 21,5 милиони евра, од нив само 5 милиони евра отпаѓаат на акционерски капитал и реинвестирана добивка, а другите се обврски и побарувања на странските фирми што веќе работат во земјава. И кога ќе се погледне вкупната слика од 132 милиона евра, на свеж капитал отпаѓаат 80 милиони евра.

Но, лани многу се зголемиле обврските на странските компании кон нивните мајки-фирми и достигнале дури 100 милиони евра.

Овие бројки покажуваат дека две години земјава реди катастрофални бројки за нивото на странски инвестиции, во 2009 година само 145 милиони евра, во 2010 година нема да биде ништо подобра, иако сите очекувања и најави беа поинакви. Владата многу вложи и потроши за да ги привлече странските компании да дојдат, но засега нема ефекти.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik